Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го напуштил денешниот состанок за финансирање на ѕидот на границата помеѓу САД и Мексико, со демократските лидери во Конгресот, зашто тоа е „само губење време“, а демократите наведуваат дека Трамп излегол „во наплив од гнев“.

Трамп во Белата куќа се состана со конгресните лидери меѓу кои и двајца високи претставници – претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер. Тоа се случи на 19. ден од блокада од работата на владата, предизвикана од барањето на Трамп 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот кон Мексико, пренесува Ројтерс.

– Прашав што ќе се случи за 30 дена ако брзо ја деблокирам рабоата, дали ќе го усвоите законот за погранична безбедност, што подразбира ѕид или челична ограда. Ненси одговори „не“. Реков: тогаш довидување, ништо друго не доаѓа предвид, напиша Трамп на Твитер.

Шумер на новинарите им изјави дека Трамп излегол од просторијата откако Пелоси го одбила неговото барање за финансирање на ѕидот:

– Повторно видовме настап со гнев, затоа што не успеа во својата замисла, изјави Шумер.