Проф. д-р Иванка ВАСИЛЕВСКА:

Да се биде државник значи да се знае и да се умее да се менаџира со приоритетите и реалните потреби на македонските граѓани. Тоа е разликата помеѓу Мицкоски и Заев. Две именки кои не е споредливо кога стојат во иста реченица.

Денеска, уште еднаш се осведочивме дека за нас, владеењето на правото и правната држава заедно со реалната ситуација во моментов се приоритет од највисок интерес за Република Македонија. Исто така, денеска видовме дека Мицкоски ја носи најважната особина која е неопходна за секој еден кој се одлучил да биде на чело на државата, тој нема да жртвува ниту еден човечки живот, за да дојде до власт.

За разлика од него, ако го погледнеме Заев, тој денеска ќе не однесеше на избори, без набљудувачка мисија и без ронка на совест за стотиците заболени и починати граѓани на Република Македонија. Од тие причини, нашата црвена линија е јасна, одиме на избори само и единствено ако се исполнат двата неопходни и најважни услови: донесување на прецизни протоколи за спроведување на избори и обезбедено присуство на мисијата на ОБСЕ пред започнувањето на изборниот процес.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се единствениот браник на зачувувањето на здравјето, исто како и на одбраната на македонското национално достоинство!