Во средбата од првото коло во Групата Е на Европското фудбалско првенство, денеска во Санкт Петербург, Словачка неочекувано со 2:1 славеше на Полска, во чии редови најобриот европски стрелец Роберт Лавендовски беше речиси незабележлив на теренот.

Словаците поведоа во 18 минута практично со автоголот на голманот Војчех Шчечни. Полјаците израмнија во 46 минута преку Карол Линети, а во 69 минута бројната предност во поле за Словачка поради црвен картон за Полјаците, ја ефектурираше Милан Шкрињар за конечните 2:1.

Второто изненадување го приредија Швеѓаните кои вечерва во Севиља одиграа 0:0 со Шпанија. Иако Шпанците доминираа, беа апсолутно доминантни, посебно во првото полувреме, со многубројни шанси, сепак не успеаја да постигнат гол.