Цените на горивата синоќа го стигнаа својот максимум. Дизелот за прв пат е поскап од бензинот. Од РКЕ пак велат дека реалното зголемување требало да биде 10,5 денари за дизелот и 5,5 денари за бензинот.“

Дизелот се зголеми за 8,5 денари, а бензините за 3,5 денари. Па така бензинот од 95 октани се продава за 93 денари по литар, додека дизелот стигна цена од 94 денари за литар. Цените на горивата никогаш не биле поскапи.

Инаку Регулаторна оттсега на дневно ниво ќе го крои ценовникот, според нова методологија, па се очекува и вечерва горивата да добијат нова цена. Оттаму објаснуваат дека промена на ценовникот ќе има само доколку литар гориво треба да се зголеми или намали за 2 денари.