Велешанецот кој од вчера се водеше за исчезнат е пронајден мртов. Од МВР за Пресс24 велат дека тој излетал со возилото од автопато „Пријателство“ во близина на езерото Младост.

Денеска во 15.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот ,,Пријателство”, во правец од Скопје кон Велес, на околу 1400 метри после исклучок за езеро Младост, било пронајдено излетано возило од патот, ,,форд фокус” со велешки регистарски ознаки. Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот П.Д.(59) од Велес, за кој на 06.12.2023 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош-Велес, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес, велат од МВР.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.