Севишниот ќе прости. Тој може и да прости, но народот не простува. Народот бара чисти сметки со своите изроди и предавници, порача преку Фејсбук, Горан Ангелов, еден од патриотите на кои им се суди за „терозризам за 27 април“.

– Не смееме да дозволиме и понатаму трпението и очајот да ни бидат секојдневен леб, а горчливите солзи-пијалок. Слободата и правдата не може да паднат од небо, до нив треба да се качува секој што ги сака, што жеднее за нив! Последен мој совет до сите браќа и сестри е да бидат искрени кон делото, само искреноста и чистосрдечноста ќе ја издигнат ко феникс Македонија од пепелта! Сега кога Македонија преживува судбоносни моменти, не треба да се глодаме и касаме, туку да се сплотиме, да ги впрегнеме заеднички сите сили. Да му туриме пепел на минатото и да си ги подадеме рацете ко вистински браќа. Да живее Македонија, порачува Ангелов, кој се наоѓа во притвор во затворот Шутка во Скопје.

Оваа порака доаѓа на денот кога актуелната власт во Македонија го злоупотребува „27 април“ за нови поделби и за фрлање нова кал врз уставобранителите и патриотите од настаните на овој ден во 2017 година, кога револтирано влегоа во Собранието на Република Македонија, каде што надвор од деловникот и законот насилно се избираше претседател на Собранието.