Британскиот премиер Борис Џонсон планира да ги извести лидерите на ЕУ дека ако ја напушти Унијата без претходно да се договори со Брисел, тој ќе задржи 30 милијарди фунти (околу 32,7 милијарди евра) што треба да ги плати на ЕУ.
Според „Мејл он Сандеј“, Џонсон планира да им ја пренесе таа вест на лидерите на ЕУ за време на самитот на Г7, што моментно се одржува во Биариц, Франција.
Според лондонскиот весник, Џонсон ќе им пренесе на лидерите на ЕУ, повикувајќи се на заклучоците на адвокати, дека во случај на брегзит без договор, Лондон ќе плати само девет милијарди фунти (околу 9,8 милијарди евра), а не 39 милијарди фунти (околу 43,1 милијарди евра) , што е сумата што ја договори ЕУ со поранешната премиерка Тереза Меј.
Џонсон ќе се повика на заклучоците на адвокатите дека од Лондон се бара само да ја плати таа сума, а не дополнителните трошоци „поврзани со периодот на транзиција“.