Пратеникот во британскиот парламент Иван Луис ги повика раководствата на Манчестер јунајтед и на Манчестер сити да му помогнат на локалниот клуб Бери.

Клубот Бери е со седиште на 12 километри од Манчестер и доживува сериозни финансиски проблеми. Претходно, управата на англиската фудбалска лига го откажа неговиот натпревар во Лига 2 (четвртата дивизија на Англија) против Рочдејл, бидејќи клубот не обезбеди финансиски гаранции за сезоната.

– Ги повикувам Манчестер сити и Манчестер јунајтед, две светски фудбалски велесили, да го разгледаат моето барање и да видат што можат да направат за да го спасат клубот. Како што одминува времето, ни треба нов пристап, напиша Луис на Твитер.

Бери е основан во 1885 година. Во 1900 и 1903 година, клубот го освои ФА купот.