Наместо морална одговорност и оставки, а потоа и непристрасна истрага, партнерите во власта СДСМ и ДУИ ги гледаме како се обвинуваат помеѓу себе кој да ја преземе вината за несреќата во Тетово, во која живи изгореа 14 луѓе.

Ова беше истакнато на денешнетата прес конференција на Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ, а интергралниот текст го објавуваме подолу:

Зоран Заев јавно призна дека модуларната болница во Тетово е градена без одобрение за градба и без потребните статики, што се потребни за сите нормални објекти.

За срамот и апсурдот да биде уште поголем, Зоран Заев ја спореди монтажната болница во Тетово, со изградба на летни тераси и кафеани.

Ваквата скандалозна изјава на Заев е јасно признание со кое тој веќе досега требаше да биде повикан во Јавното обвинителство, бидејќи според тоа што го кажа, само прашање на време било кога ќе се случи некоја несреќа со болницата во Тетово.

Да потсетиме, во овој момент има уште 18 модуларни болници градени на ист принцип со исти материјали кои очигледно се темпирана бомба и потенцијална опасност за пациентите.

СДСМ и ДУИ обвинувајќи се меѓу себе откриваат дека немало соодветен надзор на модуларните објекти, немало противпожарен систем за заштита, немало технички прием, немало атестирани материјали, немало ништо што би гарантирало безбедност на пациентите.

Ова е надвор од сите норми и правила, ова е нестручно и недоговорно работење од страна на надлежните органи.

Од се што до сега излезе во јавноста, јасно е дека виновни за пропустите се токму СДСМ и ДУИ и никој друг.

Токму затоа мора да има одговори на следните прашања:

Зошто Заев, Филипче и Хасани дозволија изградба на болница која нема основни стандарди?
Дали и зошто не ги послушале советите на експертите да не ги вградуваат високо запаливите ПУР панели во модуларните болници?
Колкава е разликата во цената помеѓу ПУР панелите и панелите кои имаат поголема отпорност и дали за пари некој дозволил да се изгради болница која изгоре за само три минути?

Ова се клучни прашања кои ги засегаат сите. Ова се прашања чии одговори ќе не одведат до вистината и виновниците за трагедијата во болницата во Тетово.

Затоа, бараме одговори веднаш!

Јавното обвинителство да не чека и веднаш да покрене обвиненија.