Очиледна е разликата меѓу криминалниот и расипнички однос на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното и домаќинско работење на Владата предводена од СДСМ, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на СДСМ, Диме Велковски.

– ВМРО-ДПМНЕ со 11 годишното криминално и расипничко владеење зад себе остави урнисан систем на социјална заштита, сиромаштија и економска стагнација. Заради задоволување криминални интереси, ВМРО-ДПМНЕ остави илјадници граѓани со ниска, недостојна социјална помош. ВМРО-ДПМНЕ со години ги дискриминираше вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија кои добиваа недолична минимална плата од 9.000 која беше значително пониска од законски утврдената плата за другите стопански гранки. ВМРО-ДПМНЕ свесно го игнорираше проблемот со стечајните работници, оставајќи ја оваа група граѓани без приходи и на маргините на општеството. Поради неодговорното и расипничко однесување на ВМРО-ДПМНЕ економијата во последниот квартал од нивното владеење беше во минус од 1,8 отсто, рече Велковски.

Тој додаде дека „за разлика од таквиот однос, денес Владата презема мерки што се во интерес на економијата и граѓаните“.

– Со социјалната реформа, социјалната помош за граѓаните порасно до 300 отсто. Минималната плата порасна на 12.500 денари и таа е иста за сите, вклучително и за вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија. Решен е проблемот на стечајните работници. Денес, над 10.000 стечајни работници добиваат месечен надоместок од над 7.500 денари. Растот на БДП изнесува 4,1 отсто. Очиледна е разликата меѓу криминалниот и расипнички однос на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното и домаќинско работење на Владата предводена од СДСМ. Како одговорна партија остануваме посветени на реализација на мерките што носат економски раст, нови работни места, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани, рече Велкоски, пратеник на СДСМ.