Министерството за труд и социјална политика информира дека 5 јуни (петок) е неработен ден за сите граѓани во Република Македонија.
Владата на Македонија на седницата одржана на 3 јуни 2020 година го определи 5 јуни за неработен ден за сите граѓани со цел обезбедување целосна координација на активностите насочени кон спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19.
Како што е познато утрешниот ден, според календарот за празници, е верскиот празник Задушница и неработен само за православните христијани во Македонија. Но, поради коронавирусот и полицискиот час стана неработен за сите граѓани, без разлика на која вероисповед припаѓаат.