Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ноќеска беше најбрз во квалификациите за Формула 1 трката која вечер ќе се вози за Големата награда на САД.

Во решавачката трета фаза од квалификациите, Холанѓанецот оствари време 1:32.910 минута, пред Луис Хамилтон (Велика Британија, Мерцедес) со 1:33.119 и Серхио Перез (Мексико, Ред Бул) со 1:33.134.

Пласман од 4-10.позиција изборија: Валтери Ботас (Мерцедес), Шарл Леклер (Ферари), Карлос Саинц (Ферари), Даниел Рикардо (Мекларен), Ландо Норис (Мекларен), Пјер Гасли (АлфаТаури) и Јуки Цунода (АлфаТаури).

Ботас поради промена на делови во моторот ќе стартува пет места поназад, односно како деветти.

Почетокот на американското Гран при во Остин е закажан за 21 часот.