Никарагванскиот најстар и најчитан весник објави издание со празна насловна страница во знак на протест против владиното спречување увоз на материјал потребен за печатење весници.
Весникот „La Prensa“ ги прашува своите читатели: Можете ли да замислите живот без информации? жалејќи се притоа дека владата на левичарскиот претседател Даниел Ортега спречува набавка на материјал за печатење весници веќе 20 недели.
Органзиации за заштита на човекови права и независни медиуми тврдат дека Владата на Ортега врши напад врз слободата на изразување.
Од весникот тврдат дека царината по наредба на владата спречува увоз на хартија како одмазда за критички пишувања за политичките тензии во Никарагва.
Неодамна владата затврои теелвизиска станица и приведе двајца новинари под обвинение за тероризам и поттикнување омраза.