Фразеолошки речник на вевчанскиот говор

Студен се насмејал. (Бошк.) Клетва што се упатува до некого за да умре.
Го натрелка за здраво. Го натепа.
Прајт нешто од нафул. Изведува нешто од бесотилак, од фодулак.
Како со него, така без него. Утеха за нашто загубено.
Како за голема неста така и замалата трошокот (арџот, мастрафот) је ист. Се вели кога се наплатува иста цена за слични нешта.

Недоклапан је. Се вели за некој што е слаб, болежлив.
Незасирен је. Се вели за некој што е слаб, болежлив.
Никојата – никаквата. Мачна, безизлезна состојба.
Нишан Господов. Мал недораснат, но со доста знаење, итрина.
На новиште. Необработувана земја.
Новотинка. 1. Нова вест. 2. Нова облека.

Му горит под ноѕе. На голема мака е; има некаков проблем.
Му и напика двете ноѕе в еден опинок. Добро го притегна, го принуди.
Нога пред нога. Оди напред.
Нож до гуша. Трпението му е при крај.
Нож до коска. Голема сиромаштија.

Со нофој – нофој е. Има нестабилен карактер. Час е добар, час лош.
Му је обеле. Му ја откри намерата, тајната.
Обор –добор. Често едно – подруго навраќање (кај некого или некаде).
Му се вдаде оброј (по лицето или моршата). Доби пликови (црвени пеги).
Меѓу два огна је. 1. Се наоѓа во непријатна ситуација кога треба да пресече, да одлучи во нечија корист. 2. Од две зла треба да одбере едно.

На оган не горит. Се вели за некој кој е многу мрзелив, ленлив.
Оган горит. Има покачена температура.
Оган да го изгорит. Клетва.
Огносан еден, оган да (не) го изгорит. Блага клетва.
Ќе му го варосат одајчето некому. Се вели за некоја мома која е втасана за мажење.
Одворт – заворт. Зачестено, повторно навраќање за кратко време на едно место или кај некого.

Ја оклинче манукана. (Бошк.) Ја остави, ја напушти девојката.
Му се окромиде (стрет куќата). (Бошк.) Го запоседна.
Влечи опинок. Влечко, неработник.
Опкерш го напрај цело село. Пребараа се наоколу.
Опкершен е. Човек во години, возрасен.
Го осекна. Го посрамоти.
Му играт оконо (десно). Нешто ќе се случи.
Му игрет очине како на ѓаол. Итар е.
Му остана окото во неа (во него). Се вљуби во неа (во него).
Му форле око. Му го форле окото. Се вљуби.

Ќе прајт кош’ ќа му реча ја и оро ќе играт. Наредба без остапки. (Некој кој се обидел да не ја изврши наредбата, бил принуден покрај работата да игра и оро што не го сакал.)
Што оро ќе играт, ак’ не сакат? Обврска која не може да се одбегне. (Во противно, покрај работата треба и оро да игра).
Не му г’остат (тој) за така. Ќе му возврати, ќе му се оддолжи: 1. За доброто – со добро дело. 2. За лошото со одмазда.
Потро нек’ павтат. (Бошк.) Да не се залетува со умот.
Падна болен. Се разболи.

Да не се видет (стретет) на песји пазар. Лути противници.
Како на пазар. Не се на пазар. Има голема врева.
Паламарка. 1. Голема рака (шака). 2. Кршенка (парче) леб.
И тој ќе му солит некому памет. (Ирон.) неук, прост.
Гнил е од пари. Има многу пари.
Го дупе парите. Купил нешто што не му е од потреба.
Пет пари не дат. Не му е страв, не се плаши.
По пет за пара му је. Го страв.
Партал по партал. Парталав искинат.

Го стемнило на поти. Го снашло мака.
Да не го стемнит на поти (чвека). Да не го снајде беља, мака.
Си го фате потот. Си замина.
Фате по криви потиштата. Застрани.
Каков је – една педа да је покус. (Ирон.) Голем итрец е.
Тури му пепел. Се вели за нешто што треба да се занемари, батали. (Пепел се туривало на измет од дете кога ќе направело нужда дома.)

Женски Петко. Се вели за гиноиден маж, маж со женски собини.
Шерет Петко прибудала. Се вели за некој што изигрува итрец, односно шут.
Живи пилиња јајт. Многу е лут, нанервиран е.
На ќорото пиле Господ му прајт седало. Секој си има своја среќа.
На пиперот му стојт. Се вели за оној кој е секогаш спремен да изврши некоја наредба или желба во дадениот момент.
Платно му ставало на очите. Клетва за умирање.

Се опра од плачење. Преплака.
Жива појада (је). Ненаситен, лаком во јадење.
Треси пола и пазува (од него). Треси пола и половина. Лош човек, бегај подалеку од него.
Го терат понадвор. Ојт понадвор. Има пролив.
Го виде попот на магаре. Се намачи.
Ка не ќе го посејш, таму ќа го најш. На секаде се среќава, присутен е и таму каде што не е очекуван.

Од книгата „Диференцијален речник на вевчанскиот говор“, од Анастас Ќушкоски, Вевчани 2009.

(Подготви: Марко Китевски)