Вицепремиерот на Република Србија, Александар Вулин, реагира на собирот на албанската имиграција одржан во Атина, на која говореше албанскиот премиер Еди Рама и покрај противењето на грчките власти, пренесуваат српските медиуми.

„Следниот пат кога владата на Грција ќе размислува за признавање на таканареченото Косово, нека се сетат како изгледа пречекот на Еди Рама среде Атина“, напиша Вулин.

Според него, она што Рама не можеше да го доживее во Тирана – го доживеа во Атина.

„Признавањето на таканареченото Косово од грчките власти, а исто така и приемот на Приштина во Советот на Европа, би бил немерлив придонес на владата на Грција и Дора Бакојани за создавање голема Албанија. Само Србите и српскиот свет може да ја запрат голема Албанија, но и Грците, драги наши Грци, мислете на тоа“, рече Вулин.