И денеска времето во Македонија ќе биде слично на вчерашниот ден – променливо и нестабилно, е прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

Во текот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно, а попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Утринската температура ќе биде од 6 до 14 степени, а максималната ќе се движи од 16 до 27 степени Целзиусови.