Вицепремиерот Артан Груби очигледно е импресиониран од својот лидер и заштитник во партијата, Али Ахмети.
Тој по никоја цена не сака да се откаже од својот прв вицепремиер, по превирањата во владејачката партија и барањата од тн. огнена група во ДУИ, која бара смена на Груби.
Груби на својот профил на Фејсбук објави фотографија од видео повик со Ахмети, на која се гледа претседателот на ДУИ како страстен пушач.
– Цигара за ќеиф вечерва, со чадот право нагоре. Запаметете го овој ден пријатели, објави Груби.
Пораката со фотографијата од вицепремиерот Груби е објавена синоќа откако Владата ги фрли првите лопати од изградбата на Коридорот 8.