Заев и СДСМ избегнуваат четврти ден да дадат оговори за која намена се формирани трите фирми на Заеви во еден стан во градот Петрич во соседна Република Бугарија, рече на денешната прес конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Затечениот Заев се уште не кажа дали овие фирми се формирани за да добијат бизнис од рудникот Иловица за чие работење Заев драстично го промени ставот во споредба со изјавите кои ги даваше пред две или три години наназад. Што се промени г-не Заев? Дали бизнисот со транспорт и логистика на рудата од Иловица до Петрич, бизнис тежок 10 милиони евра годишно, можеби ги промени вашите ставови, праша Арсовски.

Тој посочи неколку факти кои отвораат многу прашања и сомнежи.

– Официјалните податоци на компанијата која менаџира со проектот рудник Иловица тврди дека 60 до 80 илјади тони руда годишно од рудникот ќе се транспортираат со товарни возила 47 километри од Иловица до, внимавајте градот Петрич од каде потоа со железница ќе се транспортира до топилницата Пирдоп. Инаку градот Петрич е градот каде што се регистрирани трите фирми на Заеви. Многу симптоматично е што токму Заеви отвориле фирми во Петрич, во период кога Заев почнува да го менува ставот за работењето на рудникот Иловица и тоа за дејност транспорт и логистика, додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Овој бизнис кој се овозможува со отворањето на рудникот Иловица тежи над 10 милиони евра годишно.

– Зоран Заев зошто молчиш? Одговорете дали работењето на рудникот Иловица зависи од тоа дали фирмите на Заеви ќе го добијат транспортот на руда до градот Петрич каде се пријавени фирмите Гомасиндра, Ориент Груп и Радиша трејд? Што се случи со изјавите на вашата партија дека рудникот Иловица има сериозни закани по здравјето на луѓето, или пак некои бизнис интереси го променија вашиот став? Редно е да им одговорите на граѓаните и да не бегате и да се криете од јавноста, рече Арсовски.