Претседателот на Здружението на македонски заедници во Австралија и Застапник на Сојузот на македонски здруженија од дијаспората, Игор Александров, оствари средби со светскиот оперски глас Игор Дурловски и режисерот Борис Дамовски, двајца од ненасилните протестирачи против нелегалната узурпација на македонскиот парламент, кои се прогонувани со апсурдни обвиненија за ‘тероризам’, со цел да се заплаши македонскиот народ кој би продлжил со отпорот, соопшти Здружението на македонски заедници во Австралија.

Александров се обврза, преку Македонската православна заедница од Австралија (Сиднеј) и другите организации од дијаспората што ги застапува, да обезбеди средства за соодветна правна застапеност на неосновано обвинетите, не само пред македонските судови, чиј кредибилитет е темелно разрушен, туку и пред Европскиот Суд за Човекови Права, во Стразбург. Александров пренесе и дека македонските организации што ги застапува ќе се мобилизираат за издигнување на свеста на меѓународната јавност за неправедните и монструозни политички судења што се водат во Република Македонија, со цел задушување на отпорот против криминалното и репресивно владеење со државата.

Господинот Дамовски, соопштуваат од Здружението, кој моментално е во куќен притвор, во очекување на пресуда, ни ја пренесе долната порака до македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, во врска со претстојниот нелегитимен референдум за привидно легитимизирање на Грчкиот Договор

БОРИС ДАМОВСКИ – НЕПОКОРЕНБОЈКОТОТ Е ЕДИНСТВЕНАТА ЧИСТА ОПЦИЈА!Претседателот на Здружението на македонски заедници во Австралија и Застапник на Сојузот на македонски здруженија од дијаспората, Игор Александров, оствари средби со светскиот оперски глас Игор Дурловски и режисерот Борис Дамовски, двајца од ненасилните протестирачи против нелегалната узурпација на македонскиот парламент, кои се прогонувани со апсурдни обвиненија за ‘тероризам’, со цел да се заплаши македонскиот народ кој би продлжил со отпорот. Александров се обврза, преку Македонската православна заедница од Австралија (Сиднеј) и другите организации од дијаспората што ги застапува, да обезбеди средства за соодветна правна застапеност на неосновано обвинетите, не само пред македонските судови, чиј кредибилитет е темелно разрушен, туку и пред Европскиот Суд за Човекови Права, во Стразбург. Александров пренесе и дека македонските организации што ги застапува ќе се мобилизираат за издигнување на свеста на меѓународната јавност за неправедните и монструозни политички судења што се водат во Република Македонија, со цел задушување на отпорот против криминалното и репресивно владеење со државата.Господинот Дамовски, кој моментално е во куќен притвор, во очекување на пресуда, ни ја пренесе долната порака до македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, во врска со претстојниот нелегитимен референдум за привидно легитимизирање на Грчкиот Договор.

Gepostet von Macedonian Orthodox Community of Australia am Freitag, 21. September 2018