Премиерот на земјата со сменето име и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, почувствува како изгледа да му биде сменето и името на партијата. Тоа се случи во предизборието во Црна Гора, каде му дава поддршка на Мило Ѓукановиќ.

Еднаш Ковачевски доживеа понижувањето од албанскиот премиер Еди Рама, кога минатата година на средбата во Тирана ја претстави Македонија како „западна Бугарија”, а сега Ковачевски доживеа нов потсмев. Овој пат од кандидатот за претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Во видео обраќањето со поддршка на кандидатурата на Ѓукановиќ, Ковачевски во еден момент го кажува целото име на СДСМ, но во преводот на видеото, Црногорците го употребуваат името – Социјалдемократски сојуз на Северна Македонија.

Видеото може да го отворите ТУКА.