Гавран лови змија во центарот на Скопје, а оваа борба во природата, што се случи денеска претпладне на кејот на Вардар кај хотелот Холидеј ин, скопјанец ја документирал со видео-запис.

Во пролетните денови растителниот и животинскиот свет се буди и раздвижува, особено покрај водата.

Препорачуваме љубителите на природата да бидат внимателни кога се движат покрај реките и низ шумите. А тие што шетаат покрај кејот на Вардар може да бидат и спокојни, зашто гавранот е на нивна страна.