Два нови златни медали за македонското чудо од дете, Македон Димитровски, кој го развеа македонското знаме во Франкфурт. Тој поворно е на врвот со светските математички генејалци, објавина социјалните мрежи неговиот татко Владимир Димитровски.

Македон освои златен медал во индивидуална конкуренција по математика и златен медал во математички предизвик.

– Горди сме да објавиме дека Македон постигна извонреден историски успех на Германската математичка олимпијада! Златен медал во индивидуална конкуренција по математика и златен медал во математички предизвик. Со своите блескави резултати, Мaкедон беше прогласен и во престижната група на лауреати — признание резервирано само за најдобрите од најдобрите! Овој неверојатен успех е доказ за врвен талент, огромна посветеност и достојно претставување на Македонија на меѓународната сцена. Честитки, Мaкедон! Ти си наша гордост, инспирација и вистински шампион!- објави неговиот татко.

Македон, за кого сме објавувале прилози повеќе пати, е освојувач на медали и победник на повеќе домашни и меѓународни натпревари по математика.

Видеото може да го отворите ТУКА.