Кој и да е во ЕУ, вклучително и во Бугарија, маж смее да каже дека е жена, а жената дека е маж, но Ефтим од Петрич не смее да каже дека е Македонец, вели претседателот на МААК, Страшо Ангеловски во Само вистина на ТВ Канал 5.

– Еден Матеус од Шведска има право да води љубов со шума а Атанас од Благоевград нема право да се каже дека е Македонец. Додека Марсел од Франција направи свадба и се ожени со кукла, Митко од Разлог нема право да биде Македонец. Додека, кој и да е во ЕУ вклучително и во Бугарија, маж смее да каже дека е жена а жената дека е маж, Ефтим од Петрич не смее да каже дека е Македонец, рече Ангеловски.

Тој покрај другото говореше за двојните стандарди на ЕУ, а негов „противник“ беше директорот на ЦУК, Стојаче Ангелов, кој ги застапува ставовите на власта.

Видеото може да го отворите ТУКА.