Шведската климатска активистка Грета Тунберг изјави дека Германија историски е еден од најголемите загадувачи на природната средина во светот, објави денеска германскиот весник Велт.

Тунберг за телевизијата АРД изјави дека загадувањето што се случува во Германија не останува само во таа земја.

Тунберг е 20-годишна девојка која од минатиот петок неколкупати се појавила на протест во регионот на селото Рајна Лицерат по одлуката да започне ископување на лигнит во тоа село.

Таму се случи интервенција на германската полиција, која се судри со протестантите, а настанот предизвика револт и засмејување по тоа што и се слузи на полицијата при интервенцијата.

Откако еколошки активисти го запоседнале селото, кое веќе е напуштено, и не дозволуваат да се копа јаглен, полицајците отидоа да ги растераат. Но, таму и буквално влегоа во кал до колена.

Видеото може да го погледнете ТУКА.