Претседателот на СДС денеска го достигна својот „врв на дното“, симултано оксиморонски и дегутантно брилјирајќи со навреди и закани и кон своите политички опоненти од ВМРО-ДПМНЕ и кон своте сопартијци, пишува Курир.
Во наплив на нервоза која е се’ поочигледна во неговите обраќања во одговор насочен директно кон своите довчерашни „другари“ и сопратијци кои децении беа „носечки кадар“ и врвни експоненти на партијата, тој со фацијална експресија на очајник им испрати порака соодветна на ниво на вокабулар од маалска кооперација: „ТРГНЕТЕ МИ СЕ ОД ПАТОТ ИЛИ ЌЕ ВЕ ПРЕГАЗАМ КАКО ШЛЕПЕР ЖАБА!“, свика во лутина Венко од собраниската прес-говорница, нанесувајќи му со непристојниот речник голем резил и на самиот законодавен дом.
Претходно, со жаргон на кочијаш премиерот Христијан Мицкоски го нарече „целосен идиот“.
Ве тера да се запрашате, од каде оваа нервоза кај „лидерот“ на СДС?
Дали Фројдовиот комплекс повторно работи кај него, па квалификациите кои потсвесно ги мисли за себе и екипата околу него ги трансферзира кон оние од кои се плаши дека ќе му го направат она за што им се заканува (Реформаторите од 12.05 иницијативата), а кон политичкиот опонент се обраќа со квалификации кои се реално мислење за себе и сопствените дејствувања?
Ова е преседан на македонската политичка сцена, кој не е виден минатите 35 години.
Кај Филипче веќе се работи за континуитет на навреди – минатата недела сопствените студенти јавно ги оквалификува како целосно НЕПИСМЕНИ.




