Кога ќе каже Бугарија дека има Бугари во Албанија, јас сум првиот владика или свештено лице што стапнало по распадот на албанската (енверхоџина з.н.) држава и таму со мисијата што ја извршивме крстивме преку 5-6 илјади Македонци во Мала Преспа, вели владиката Петар.
– Ниту еден од тие луѓе не се декларира, во тоа време, дека е Бугарин или дека припаѓа на грчката нација или на српската… Туку сите се декларираа Македонци. И со тоа сакам да ви кажам дека тие се поголеми патриоти од многу наши Македонци патриоти под наводници, што денеска манипулираат заради лични и други интереси со својата рационална кауза, вели митрополитот Петар.
Бугарската министерка Екатерина Захариева при неодамнешната официјална посета на Албанија изјави дека „бугарското малцинство е уште една можност што Бугарија треба да ја искористи за да и помага на Албанија“.
– Бугарија е подготвена да го поддржи со наставници и учебници изучувањето на бугарскиот јазик од нашето малцинство во Албанија, изјави Захариева.
(Д.Г.)