Познато е дека скопскиот градоначалник Петре Шилегов е љубител на електротротинети.

Тој неодамна се пофали дека со помош на електротротинетот во еден ден завршил многу работи, минал многу километри, без да го загадува Скопје.

Но, дали Шилегов е невешт возач или нешто друго е во прашање во овој случај не е познато. Тој кога се качи на тротинетот нешто силно го здрма, изгуби рамнотежа и за малку ќе паднеше.

Погледнете го видеото и сами одлучете што го снајде градоначалникот Шилегов, кого го спасија луѓето околу него да не падне од електротротинетот.