Музичката нумера Macedonia forever (Македонија засекогаш) за десетина дена стана хит на Јутјуб.

Нумерата на Ајга на Јутјуб е објавена на 1 август годинава, со видео запис, и за десетина дена има повеќе од 21.000 прегледи.

Авторите се оградуваат од сите политички партии, организации, личности, а темата доби поддршка од невладината организација Млади за Македонија.

Музиката и текстот се со потпис од Дарко Тасевски, а аранжманот е на Иван Тренчевски и IT music production.