Дарко Каевски од СДСМ, кој синоќа дебатираше на ТВ 21 со аналитичарот Александар Пандов, го спореди актуелниот премиер Зоран Заев со маршалот на бивша СФРЈ, Јосип Броз Тито.

– Кога ќе ги прашам моите каде се чувствувале најмногу признаени и каде им било најдобро, тие велат во времето на Јосип Броз Тито, а ќе дојде време кога ние ќе им кажуваме на нашите деца и внуци дека живеевме во времето на Зоран Заев, рече Каевски.

Тој додаде:

– Го реши деценискиот проблем и ги надмина бариерите и се исправи пред сериозен предизвик, истакна Каевски.

На неговата изјава Пандов се изнасмеа.

Каевски е директор на Агенцијата за млади и спорт, дипломиран економист, роден во 1989 во Скопје.

Учествувал на неколку форуми и тренинзи во организација на институти како што се, ИРИ – Интернационалниот Републикански Институт, Моментум од Велика Британија, Фридрих Еберт од Германија, кадешто професионално се надградувал и разменувал знаења и искуства поврзани со младинските политики.

Од 2014 година е потпретседател на СДММ. Каевски има сертификат од највисока чест од кинеската дипломатија. Како економист Каевски ја започнува својата кариера во 2012 година со работа во геодетско друштво.

Инаку, познато е дека, Тито никогаш не ја доби Нобеловата награда за мир, а Заев лани не ја доби, но има нова номинација за нобеловец.