Погледајте го видеото кое кружи на социјалните мрежи (претходно има 2:53 минути некоја реклама). Имајте трпение, а потоа видете како ги „напаѓаат“ овие двајца гласачи од Пустец. И обидете се на интернет да најдете еден, само еден од оние т.н. новинари, кои денеска „плачат“ над судбината на австралиските гласачи, со реакција дека ова не смеело да се прави. Најдете реакција од тогашниот опозиционер Спасовски, денес министер за внатрешни работи, дека ова не смеело да се прави. Најдете реакција од Обвинителството, иако таму денес седат истите луѓе како и тогаш, освен Зврлевски, или обвинител кој за ова покренал постапка, па да кажеме дека „режимот“ му ја сопрел. Нема, едноставно нема. Инаку и тогаш и сега важи истиот КЗ.