На бензиска станица во Франција, маж облечен во жолт елек, сличен на тие што ги носат демонстрантите ширум земјата кои протестираат поради поскапувањата, се заканува дека ќе ја активира гранатата.

Информацијата ја потврди и францускиот министер за надворешни работи Кристоф Кастане, кој напомена дека мажот им ја покажал експлозивната направа на луѓето, и дека бара да го види претседателот на Франција, Емануел Макрон.

– Службите за безбедност се излезени на местото на настанот, наведе министерот.

Веќе цела недела демонстрантите ширум Франција блокираат патишта, прават барикади, но и палат, во знак на протест поради покаќување на цените на горивата.

Регистрирани се бројни судири со полицијата. Инаку, демонстрантите носат жолти елеци, но се уште не е утврдено дали мажот од бензиската пумпа е на некој начин поврзан со демонстрантите, пишува Ројтерс.