Д-р Ерик БЕРГ
Ќе ги споделам со вас сознанијата за апсолутно најдобриот витамин за артритис и не зборуваме за витамин Д. Витамин Д е одличен, но има уште нешто што е неверојатно, а случајно налетав на тоа. Го земав овој витамин, и само забележав како сета оваа вкочанетост што ја имав со години поради сите повреди на ‘рбетот, ми е како да ставам WD40 во зглобовите. Едноставно се чувствувам лабаво, без вообичаената вкочанетост, посебно наутро после спиење.
Што е артритис?
Артритис значи дека имате воспаление. Несакани ефекти на НСАИЛ и стероидите за да се ослободите од воспаление е проблем – крварење на чирови, проблеми со бубрезите… така што ако земете стероиди, на една страна ќе ви помогнат, на друга ќе ви одмогнат, ќе го намалат вашиот имунолошки систем и сл.
Затоа, има нешто што можете да го земете а да ги нема овие несакани ефекти.
Како функционира овој лек?
Митохондријата и претходникот на оваа молекула наречена NAD е вид на помошна молекула за претворање на храната во
енергија. НАД е вклучен во над 400 различни гени па тоа е навистина важна молекула и ќе зборувам за знаци на дефицит на NAD.
Прво што се случува кога си дефицитарни во NAD е дека ќе имате низок колаген. Потоа ќе имате воспаление, како трето ќе чувствувате замор, потоа мускулни болки и слабости, па метаболички болести, дури и дијабетис, се до рак и Алцхајмер.
Најдобар витамин за артритис е витамин Б3. Има две верзии од него, но но аптеките го наоѓате како никотанимид. Најдобро е да го земате во мали дози неколку пати во тек на денот, отколку одеднаш во голама доза. Па, така, најдобро е да земате од 100 до 150 милиграми три до шест пати на ден во зависност од тоа колку сте тешки.
Земајќи малку повеќе Б3 во тек на денот, помага да се овозможи вашата биохемија да работи многу подобро и на крај тоа ќе доведе до ослободување од вашите болки од артритис.
Ова подразбира да не пиете алкохол. Треба да знаете и дека триптофанот може да го конвертирате во B3 исто така, но ефикасноста е помала, особоено ако консумирате многу пченка која може да ви го блокира триптофанот, а исто така и ако јадете нездрава храна – можете дефинитивно лесно сте дефицитарни со витамин Б3.
Не велам да не земате и други суплементи, како витамин Д и но Б3 е фасцинантен. Има некои луѓе кои велат дека само им помага да спијат, но напротив, треба да ви даде повеќе енергија за вежбање што е навистина добро.
Проблемот во Македонија е што овој витамина главно го има во капсули од 50 мг и е релативно скап во однос на витаминот Д, ако можете нарачајте го од Бугарија каде е поефтин. Нема да ве чини многу, не е токсичен, а во комбинација со витамин Ц, според лекарски искуства, е добра превенција и од рак. Исто така, има добро дејство и врз вашата психа.