Реваншот од финалето на Копа Либертадорес помеѓу екипите на Ривер Плата и Бока Јуниорс на стадионот Монументал, по повеќе обиди да започне, одложен е за денеска, откако хулигани пред стадионот ги нападнаа гостинските играчи.

Автобусот со фудбалерите на Бока Јуниорс е каменуван од голема група навивачи на Ривер, пред започнувањето на мечот, кој требаше да почне вчера во 21 часот. Полицијата употреби и солзавец, а во немирите повредени се некои од гостинските играчи, а останатите шокирани од тоа што се случува.

Навивачите на Ривер пред стадионот го продолжија судирот со полицијата и тоа на повеќе места, поради што се уапсени најмалку 16 лица.

Од Бока побараа мечот да биде одложен, но првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, заедно со челникот на Јужноамериканската фудбалска федерација, инсистираа да се игра и дури се заканија со дисквалификација на екипата.

Сепак, на крајот, по многу премислувања, натпреварот беше презакажан за во 21 часот.

Повеќе фудбалери на Бока побараа лекарска помош, а Пабло Перез и Гонзало Ламардо од срчи добија повреди на очите и завршија во болница.

Првиот натпревар за трофејот првак на Јужна Америка завршен е со нерешен резултат 2: 2 на Бомбоњера.