Кон крајот на март годинава, дуото „Некст тајм“ го промовираше својот најнов проект „Нешто ќе те питам бабо“, а сега имаме можност да ја слушнеме и приказната за тоа како се роди идејата за оваа песна.
Како што објави Курир, момците завчера го претставија и документарецот за овој проект, кој премиерно беше прикажан и на самата промоција во Драмскиот театар, откривајќи ни како течеше процесот за изборот, но и за контроверзиите што ги предизвикува песната.
Како и претходните две – „Ја излези Ѓурѓо“ и „Слушам кај шумат шумите“ – оваа преработка наиде на позитивни реакции кај публиката и досега собра речиси милион и пол прегледи на Јутјуб, а минатиот месец браќата рекоа дека подготвуваат уште неколку песни кои ќе ги заокружат во албум, па повторно ќе се фокусираат на создавање авторска музика.
Додека го очекуваме следниот проект на „Некст тајм“, во продолжение откријте ја приказната зад „Нешто ќе те питам бабо“.