Во Лонгјарбиен во Норвешка, најсеверниот град на светот, веќе 69 години никој не умрел бидејќи исто толку години умирањето е забрането со закон.
Ако некој почине веднаш се транспортира во друго место од Норвешка и таму се погребува. Лонгјарбиен нема толеранција ни за болните од тешки болести. И тие веднаш се транспортираат од градот. Законот е бизарен , но практичен – со него се штитат другите жители.
Во 1950 година, кога е донесен законот, било откриено дека поради студот телата на градските гробишта не се распаѓаат и вирусите може да преживеат, па постои опасност за зараза кога температурите ќе бидат повисоки.
Жителите на Лонгјарбиен тогаш, а и сега постапиле правилно, зашто на северот на Русија, во Сибир, се појавила епидемија на антракс во 2016 година, поради распаѓањето на некогаш закопаните диви животни. Температурата се зголемила, а вирусите се активирале.
Лонгјарбиен со пописот од 2015 година има 2.144 жители, а на островот владее арктичка клима со летни температури од 3 до 7 степени. Поларната ноќ трае 111 дена или од крајот на октомври до средината на март.