Тоа што не може да организира државата Македонија и шефот на државата Стево Пендаровски, ќе го стори општината Охрид и нејзиниот градоначалник Кирил Пецаков и годинава ќе се одржи јубилејниот 60 пливачки Охридски маратон.
Охридскиот градоначалник Пецаков на прес конференција објави дека најстарата спортска манифестација ќе биде спасена.
Тој објасни дека Охридски маратон годинава сепак ќе има, а од следната Општина Охрид ја презема организацијата.
– Маратон ќе има. Две или три години има неисплатен фонд кон пливачите. Начинот на водење на овој маратон од година во година се уништува. Тоа се гледа и во посетеноста. Ќе направиме се што е во наша моќ да го организираме маратонот а од следната година и да го организираме, изјави градоначалникот Пецаков.
Ваквата реакција доаѓа откако првиот човек на пливачката федерација Горан Стојановски и шефот на државата Стево Пендаровски, кој досега беше покровител, објавија дека маратон нема да има поради финансиски проблеми.
Видеото може да го отворите ТУКА.