Со свирежи и извици уааа и „никогаш северна само Македонија“ беше „поздравен“ претседателот Стево Пендаровски на ракометниот турнир што се одржува во Струга, според видеото што се објавува на социјалните мрежи од овој спортски настан.

Пендаровски, по Галичката свадба и на спортска манифестација беше исвиркан од народот на кој му е претседател.

Пендаровски го следеше натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер и Татран Прешов, што го добија битолчани. Откако неговото присуство беше најавено од официјалниот спикер на натпреварот, од трибините веднаш одекнаа бројни свирежи.

Пендаровски претходно беше исвиркан во својот роден крај Галичник, а тој е и единствениот претседател кој никогаш за Илинден не бил на Мечкин Камен.

Инаку, и за исвиркувањето во Галичник од „вистиномерите“ во Македонија беше измерено дека се „лажни вести и монтирани видеа“, веројатно слично ќе биде и с исвиркувањето во Струга.

Неодамна Пендаровски правеше селфи низ Струга, но тогаш со одбрани случајни минувачи и галеријата ја објави на својот профил на Фејсбук да покаже колку е омилен кај граѓаните.

Видеото може да го отворите ТУКА. И уште едно видео ТУКА.