Татко-рекордер во Албанија е Садри Кортеши, вработен во една фабрика во Тирана, кој тврди дека е татко на најмногу деца во неговата земја.

Како што објави албанската ТВ Ченел, Кортеши досега имал 13 партнерки, но се оженил само со две. Од секое од 63-те деца, кои вели дека ги има, додава дека станал по двапати дедо. Тоа значи дека има повеќе од 120 внуци и внуки, објави ТВ Ченел.

– Сум се оженил со две девојки, но сум имал љубовници во многу градови. Имам 55 синови и 8 ќерки. Навистина имам 63 деца, но бидејќи ми недостигаат докази и правно – техничка документација, на свое име имам 4 деца: 3 со едната сопруга и едно дете со претходната сопруга. Само нивните мајки знаат дека тие се мои деца, изјавува Кортеши за ТВ Ченел.

Запрашан кога ќе им ја каже вистината на своите деца, Кортеши одговара:

– Оној ден кога ќе дојде ангелот на смртта по мене, тогаш ќе им кажам на моите деца кои се нивните браќа и сестри, вели тој.

Таткото на 63 деца денес живее сам, а децата кои ги одгледал заминале во Франција.

Видеото може да го отворите ТУКА.