Градоначалникот Петре Шилегов денеска објави дека наскоро Градот Скопје, покрај велосипеди, ќе почне да субвенционира и електрични тротинети.

– Од лично искуство можам да кажам дека возењето со електричен тротинет е едно од поубавите урбани движења. Велосипедите и електричните тротинети придонесуваат за почиста околина, но и за подобро здравје на граѓаните, рече Шилегов.

Тој најави дека ќе продолжат со изградба на велосипедски патеки во Чаир, зашто како што рече, не сфаќа зошто досега не се граделе такви патеки во северниот дел од Скопје.

ВОЗИ ВЕЛОСИПЕД ЗА ПОЧИСТ СВЕТ

Возењето велосипед освен што е здрава навика, ќе ни помогне многу и во намалувањето на сообраќајниот метеж кој станува реален проблем во градот. Но најважно од сѐ е тоа што ќе го намали и аерозагадувањето предизвикано од сообраќајот кој е еден од трите најголеми фактори на загадувањето покрај индустријата и загревањето на домаќинствата. Само така ќе успееме да постигнеме одржлива урбана мобилност во нашето Скопје и само така ќе фатиме чекор со модерните европски градови кои посветуваат сериозно внимание на оваа проблематика.

Gepostet von Град Скопје am Samstag, 30. März 2019