Не застанувај и бори се за правдата, порачува Соња Јанакиеска, сопругата на поранешниот министер Миле Јанакиески, во пораката и видеото што ги објави на социјалните мрежи.

Јанакиеска на Фејсбук напиша:

– Тешко е само да се изгледа ова видео од 5 минути, а камоли сето тоа да се преживее! Но, за среќа секогаш правдата победува и вистината излегува на виделина. Господ дава сила на праведните и храбрите! Велат големите луѓе имаат големи искушенија… Па љубов моја не застанувај, продолжи да чекориш една нога пред друга, барај сила во себе, слушај го гласот во тебе кој те води напред како и досега, знам дека ќе успееш и ќе победиш, ќе победиме. Не застанувај и бори се за правдата зашто ја заслужуваш ти, ја заслужуваат твоите синови!, порачува Јанакиеска во нејзината објава на Фејсбук.

Сопругата на Јанакиески во прилогот објавува и видео кое може да го отворите ТУКА.