Стани Ољо да те види сала, е насловот на видеото што го објавува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилкоски, од денешните гужви за вадење на документи со придавката „северна“ на пунктовите пред полициските станици.

– Стани Ољо, да те види сала. МВР им вадеше пасоши на 215 криминалци во полициска станица, а народот што те плаќа го начука во спортска сала. За тоа ли земаш 2.500 евра плата, вели Стоилковски, алудирајќи на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Од видеото на Стоилкоски, како и од фотографии што се објавуваат во медиумите и на социјалните мрежи може да се види дека пред пунктот има долги редици од граѓани кои сакаат да извадат документи без закажување.

Видеото може да го отворите ТУКА.