Не се гледам себеси како иден премиер, не верувам дека јас сум следниот премиер и всушност знам дека јас не сум следниот премиер на Владата на РС Македонија, изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби на денешната изјава за медиумите.

На прашањето кој ќе биде всушност следниот премиер, Груби рече дека согласно коалцискиот договор следниот премиер треба да биде предложен од страна на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а и смета, како што рече, дека сите пратеници ќе го поддржат следниот кандидат или ќе ја поддржат следната кандидатка.

ФОТО: МИА