Македонски даночни обврзници ги втера во хангар да вадат документи, да ги фотографира, небаре е постконфликтен Авганистан, рече портапоролот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната крата прес конференција.
– Ниту систем постои, ниту закажување, туку редици и турканици. Жално е што Оливер Спасовски и МВР подостоинствено и со поголема почит се поставија пред 215 белосветски криминалци кога им вадеа пасоши, отколку кон македонскиот народ кој што ги плаќа. Оливер Спасовски кој 7 години прави хаос во државата наместо и да се слика со донации од Заев во пред кампања за претседател, да си поднесе одговорност и оставка, рече Стоилковски.