Романска црковна телевизија Тринитас објави прилог за македонскиот манастир „Свето Преображение“ во прилепското село Зрзе.

Оваа телевизија е основана во 2007 година, по иницијатива на Неговото Блаженство Даниел, Патријарх на Романската православна црква. ТВ ја информира јавноста за црковните настани, пастирско – мисионерската, социјалната, образовната и културната работа на црквата, како и за

историјата, културата и богатството на Романската христијанска вера и духовност.

Видеото на ТВ Тринитас е објавено и на нивниот официјален Јутјуб канал.