Новиот директор на Бирото за метрологија Авдуљ Селам Селами конечно дознал дека метрологијата и метеорологијата не е иста наука и дека метрологијата не е наука за времето и временската прогноза.

Во говорот по повод денот на метрологијата, Селами, самиот го сподели ова откритие со јавноста.

-Метрологијата нема врска со временска прогноза, во кое што јас, очигледно да ви кажам, до пред некое време грешев, мислев дека е наука за времето, но го одбележува влијанието на мерењето врз нашиот секојдневен живот, вели Сељам Селами.