Авионот на компанијата Кобам авиејшн удри во аеродромската зграда во Перт во Австралија, откако на авионот му откажале кочниците додека се движел по пистата, објави Вест аустралиан.

Во авионот, за време на несреќата имало 62 патници и 4 членови на екипажот, но никој не е повреден.

Патниците брзо биле евакуирани од авионот, но им било забрането да ја фотографираат несреќата.