Туристичкиот водич Захи Шахед од Ерусалим веќе седум месеци, односно од почетокот на пандемијата не работи. Поради тоа, постојано емитува видеа со кои ве води низ библиските места на градот и истовремено змаолува за што повеќе сабскрајбери.

Овој пат, прошетката е до бањата во Витезда, каде Исус на чудесен начин го излекувал парализираниот кој чекал пред бањата. Сцената ја има единствено во Евангелието по Јован:

Исцелувањето на болен човек во бањата Витезда

Потоа имаше еден празник јудејски, и се искачи Исус во Ерусалим.
– А во Ерусалим, кај Овччата порта, има бања, по еврејски наречена Витезда, со пет тремови.

– Во нив лежеа мнозина болни, слепи, куци, исушени, кои очекуваа да се раздвижи водата,
– (зашто одвреме навреме во бањата слегуваше ангел Господов и ја раздвижуваше водата; и кој прв ќе влезеше по
придвижувањето на водата, оздравуваше од каква било болест да боледуваше.)

– Имаше таму и еден човек кој боледуваше триесет и осум години.
– Кога Исус го виде како лежи, знаејќи дека многу години боледува, му рече: „Сакаш ли да оздравиш?“
– Болниот Му одговори: „Да, Господи! Само немам човек што ќе ме спушти во бањата кога ќе се раздвижи водата; додека
јас да дојдам, друг слегува пред мене.“

– Исус му рече: „Стани, земи ја постелката своја и оди си!“
– И веднаш оздраве човекот, ја зеде постелката своја и одеше. А тој ден беше сабота.

– Заради тоа Јудејците Му рекоа на исцелениот: „Сабота е и не треба да ја носиш својата постелка!“
– Но тој им одговори: „Оној што ме излекува, ми рече: ‚Земи ја постелката своја и оди!‘“

– А тие го прашаа: „Кој е човекот што ти рече: ‚Земи ја постелката своја и оди?‘“
– Но исцелениот не знаеше кој е, зашто Исус се беше оддалечил бидејќи на тоа место имаше многу народ.

– Подоцна Исус го сретна во храмот и му рече: „Ете, сега си здрав и не греши веќе, за да не те снајде нешто полошо!“
– А човекот отиде и им кажа на Јудејците дека Исус е Оној што го излекувал.

– И затоа Јудејците Го гонеа Исус и сакаа да го убијат, зашто тоа го вршеше во сабота.
– А Исус им одговараше: „Мојот Отец досега работи, и Јас работам.“

– Затоа Јудејците уште повеќе сакаа да Го убијат, бидејќи не само што ја нарушуваше саботата, туку и Бога Го нарекуваше Свој Отец, правејќи се еднаков со Бога.