Монаси од манастирот Јовања од Ваљево објавија снимка на која се гледа дека иконата на Светиот деспот Стефан Лазаревиќ мироточи.

Тоа се случи вчера на Спасовдан, во Белград, кога војниците ја преземаа иконата за да ја носат за време на литијата.

Мироточењето на икона кај народот се толкува како лош знак и се верува дека е знак од Бога, како во католичката така и во православната традиција. Се верува дека ги предупредува верниците да се покајат и да ја зајакнат верата.

Мироточење на икона, па дури и крвоточење, е забележано на многу места ширум целиот свет. Покрај тоа што се забележани мироточења на иконите во црквите, тоа се случува и на икони во христијанските домови.