Посетете ги јавните настани и запознајте ги војниците, во вашите градови на историски најголема воена вежба „Одлучен удар“ која се одржува во РС Македонија, објави премиерот Зоран Заев.
Тој преку својот официјален Фејсбук профил ги објави и тајминзите за средби: На 26 јуни во Радовиш (10:00 – 13:00), на 26 јуни во Струмица (18:00 – 21:00), на 29 јуни во Битола (18:00 – 21:00), на 1 јули во Гостивар (18:00 – 21:00) и на 5 јули во Скопје (18:00 – 21:00 часот).
– Нашата Армија покажува дека сме подготвени не само политички туку и воено, за нашата стратешката аспирација – полноправно членство во НАТО, додаде Заев.
Инаку кога спомнува „нашата Армија“ се мисли на АРМ, Армијата на Република Македонија.
Видеото и ТУКА.