Застрашувачки сцени пристигнуваат од Гевгелија. Како што може да се види од фотографијата, но и од видеото споделено од „Македонско сонце“, пожарот е во близана на градот. Наводно гори депонијата, а во близина има бензинска пумпа.

Моментланата температура во Гевгелија е 41 степен. Се очекува околу 17 часот да достигне 43 степени, а потоа да почне да се намалува.

Според гевгелиската ТВ Нова пожарото во близина на граничниот премин Богородица, на хотел казиното „Фламинго“ и Граничната караула на АРМ избил околу 13 часот. Екипи на ТППЕ Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“ се излезени на лице место и се обидуваат да го изгаснат пожарот кој ја зафати и боровата шума, а огнените јазици се шират кон грчката територија. Од страна на надлежните, се информирани и грчките пожарникари. Засега, не се познати причините за настанување на пожарот, истакнува телевизијата.